Кога родителот треба да се загрижи за здравјето на своето дете­?

May 29, 2023

Медиумските содржини кои се наменети за бебиња се премногу стимулирачки за раниот развој на детето. Создаваат зависност која е непријател на фокусот, вниманието и концентрацијата. Тие треба да бидат строго забранети за емитување. ⛔️

Некои од децата кои од рана возраст се изложени на вакви несоодветни медиумски содржини 📱 💻 🕹📺 📻, немаат интерес кон едукативни играчки ⚽️, книги 📚 и музика 🎸 за деца во аудио форма, што дополнително го отежнува нивниот развој.

⏰ Алармантно е:

📌Ако вашето дете се буди и бара екран ;

📌Ако вашето дете секогаш кога е дома бара да биде вклучен екранот ;

📌Ако е вознемирено и има чувства на бес секогаш кога ќе истече времето на екранот ;

📌Ако само бира што ќе гледа и е постојано незадоволно од изборот ;

Ваша должност како родител е да му помогнете да се справи со предизвикот!

Во ваквите ситуации иако е тешко, важно е да останете смирени и трпеливи. Да воспоставите јасни и достојни граници во склад со вашето семејство кои пред се ќе ги почитувате Вие, па потоа вашите деца, како и останатите членови во семејството.

Вашето дете ќе ги разбере вашите емоции, а ако сте вознемирени, ќе биде и тоа исто така. Во моментот кога е луто и бесно, не е време за разговор. Оставете го да ги изрази своите емоции, а потоа раздвижете ги емоциите преку хумор и игра.

Уважете ги емоциите на вашето дете и дајте му до знаење дека прифаќате дека тоа за него претставува голем предизвик. Дајте му поддршка и покажете му дека сте тука за него и ќе му помогнете да го надмине предизвикот.


Добро запомнете дека бесплатните содржини не чинат најскапо. Живееме во современо време каде што не очекуваат современи предизвици. Не треба да очекуваме дека ќе ги имаме истите предизвици со нашите деца, што ги имале нашите родители или нашите баби и дедовци. Затоа инвестирајте во курсеви кои се во склад со вашето живеење, инвестирајте во самостојна игра, инвестирајте да обезбедите безбеден дигитален свет за вашите деца,  наместо да го хипнотизирате вашето дете со премногу стимулирачки содржини за да биде мирно. Едноставно надминете го предизвикот паметно!

Доколку сметате дека не можете да се справите сами и Ви е потребна поддршка побарајте помош, закажете консултација.

До нови бесконечни победи ❤

blog-3

Николина

Дозволете ми да Ви помогнам да ги пронајдете одговорите на сите прашања поврзани со децата и медиумите. Би сакала со вас да го споделам знаењето од десет годишното истражување од областа „Медиуми и деца“. Проф. Д- р Кирил Барбареев и Проф. д-р Ранко Рајовиќ беа само дел од луѓето од кои имав можност да учам.

Иако немам свои деца, досега довербата како дадилка ми ја дале многумина родители. Од досегашното истражување и искуство можам да Ви кажам дека не секоја 3Д анимацијата е подеднакво штетна за секое главче. Но, запомнете НЕ ПОСТОЈАТ АУДИО - ВИЗУЕЛНИ СОДРЖИНИ ЗА БЕБИЊА КОИ НЕ СЕ ШТЕТНИ ЗА РАЗВОЈОТ!