Зошто не за самостојна употреба на таблет во првите години од животот?

August 20, 2023

⛔️ Раната изложеност на несоодветни аудио-визуелни содржини го отежнува секојдневието на детето во развој, процесот на учење го забавува, а стекнувањето знаење и совладувањето нови вештини го отежнува!

Проф. Д-р Ранко Рајовиќ објаснува дека 📱 може да создаде зависност, доколку неправилно се користи. Како што на децата им е забрането да пушат и да купуваат цигари и алкохол, тој претпоставува дека можеби и телефоните ќе бидат забранети за деца под 14 г за 5 години.

Јас лично сметам дека за деца до 5 години задолжително треба да биде забрането да поседуваат 📱 сопствени уреди и да ги употребуваат самостојно без надзор! ❌ Прерано е детето на таа возраст да поседува свој медиумски уред.

Податоци од 2017- та година на Институтот за статистика на УНЕСКО покажуваат дека 617 милиони деца ширум светот не го совладале ни минималното ниво на читање и математичко сметање. Сето ова влијае врз напредокот на целокупното живеење во светот. Во време на технолошки напредок, општеството доживува катастрофално уназадување на интелектуалниот развој. ОВА МОРА ДА ПРЕСТАНЕ!

Големо НЕ за самостојна употреба на таблет и телефон затоа што:

📌 Детето сеуште не е медиумски описменето за опасностите кои постојат во дигиталниот свет.

📌Тоа е период на интензивен развој на мозокот и од значаен аспект се рутината, активностите и на што го троши времето и енергијата детето во развој.

📌Тоа не смее само без одобрение да презема игри по свој избор и да игра неограничено .

📌Youtube e премногу небезбеден во тој период. Детето имитира и копира, а таму може да се соочи со многу несоодветни активности, опасни за таа возраст.

 

Запомни: Не постојат квалитетни едукативни медиумски содржини за бебиња и не постои содржина наменета за целата публика!

 

⛔️ Доколку вашето дете е веќе изложено на несоодветни содржини и забележувате некои од наведените последици, Ве замолувам не игнорирајте ги. Доколку сметате дека Ви е потребна помош, закажете онлајн консултација.

 

Поубав свет не се бара, туку се создава!

До нови бесконечни победи ❤

blog-2

Николина

Дозволете ми да Ви помогнам да ги пронајдете одговорите на сите прашања поврзани со децата и медиумите. Би сакала со вас да го споделам знаењето од десет годишното истражување од областа „Медиуми и деца“. Проф. Д- р Кирил Барбареев и Проф. д-р Ранко Рајовиќ беа само дел од луѓето од кои имав можност да учам.

Иако немам свои деца, досега довербата како дадилка ми ја дале многумина родители. Од досегашното истражување и искуство можам да Ви кажам дека не секоја 3Д анимацијата е подеднакво штетна за секое главче. Но, запомнете НЕ ПОСТОЈАТ АУДИО - ВИЗУЕЛНИ СОДРЖИНИ ЗА БЕБИЊА КОИ НЕ СЕ ШТЕТНИ ЗА РАЗВОЈОТ!