Зошто серијата „Adolescence“ го замисли секој родител?

April 6, 2025

📌 Затоа што голем дел на родители отвараат профили на своите деца со лажни податоци, иако деца под 13 години не смеат да имаат профил на социјалните мрежи.

📌Затоа што на социјалните мрежи се презентираат детали од приватниот живот на тацна.

📌Затоа што огромен број на податоци се оставаат доброволно на социјалните мрежи и тоа може да нанесе штета во секојдневието.

📌Затоа што се поголем број на тинејџери се затвараат во свој виртуелен свет.

📌Затоа што неправилната употреба на технологијата го распаѓа семејството.

📌Затоа што семејните вредности се важни и не треба да се потценува нивната моќ.

📌Затоа што многу родители го продаваат своето време за пари трчајќи со куфер во рака, одминувајќи го своето дете.

Серијата носи огромна порака, но според мене е многу кратка и недостасуваат неколку важни детали. Не е целта да се забрани употреба на технологијата, но од огромна важност е родителот да не исчезне од животот на малолетниците кога им е најпотребен. Во таа осетлива возраст од 13 до 18 год. од огромно значење е родителот да биде присутен и да има авторитет над своето дете. Се повеќе родители ги губат своите улоги така што децата се однесуваат како тие да се нивните родители. Затоа од особена важност е:

⏰Будно да следите што пребарува вашето дете, кои се неговите интереси, што обожава да прави и во што ужива. Тоа може многу да ви каже.

⏰Уживајте заедно со него во користењето технологија, без да го осудувате.

⏰Помогнете му да научи како да се заштити и посочете му туѓи скапи грешки. Трагичните примери нека Ви послужат како пример како да научиме од туѓите грешки. Раскажете му како може да се уништи едно семејство и како може да се уништи млад човечки живот со несоодветно користење на технологија. Еден од начините за тоа е да ја изгледате серијата заедно со него.

⏰Јасно дајте му до знаење што е неморално, а што казниво. Не оставајте на случајност.

⏰Важно е на почетокот да бидете активно вклучени во неговиот виртуелен живот. Да не отвара профил само. Да не игра игри со затворена врата. Да го запознаете подетално со користењето.

⏰Неговиот профил не треба да е јавен и не треба да има важни информации како адреса на живеење, училиште, телефон или детали од секојдневното живеење и сл.

⏰Едуцирајте го да не отвара линкови од непознати и да не прифаќа непознати за пријатели.

⏰Разговарајте отворено со него дека на интернет постојат многу измамници, кои нудат заработка на пари, нудат среќавања во живо и сл. Сето тоа е премногу опасно. За сите сомнителни работи треба да разговара отворено со вас. Довербата на вашите деца е клучна за нивната безбедност. Доколку викате и се однесувате лошо со нив тие би се затвориле. Внимателно комуницирајте.

⏰Информирајте го дека не треба да споделува фотографии од кои би се срамело да бидат објавени јавно. Секој би можел да злоупотреби таква фотографија и не треба да му верува никому. Дури ни на своите пријатели.

⏰На социјалните мрежи треба да се однесува како што сака другите да се однесуваат со него. Охрабрете го за секое неприфатливо однесување, коментар или ситуација да разговараат со Вас, родителите.

⏰Никогаш да не гледа содржини што го вознемируваат или што прават да се чувствува непријатно. Покажете му исто така како да ги пријави таквите содржини.

Јас сум дете кое во доцните тинејџерските години растело со технологија. Млад човек кој бил зависен од социјални мрежи и возрасна личност која денес свесно ја користи технологијата за кариерен напредок. Но зборовите на мојот татко до ден денес оѕвонуваат во мојата глева „И најголемата глупост да ја направиш, дојди и кажи ни, секогаш ќе бидеме тука за да ти помогнеме“. Оваа доверба спречила многу работи пред да се случат. За жал Џејми, не доби таква шанса.

Доколку вашето дете е веќе изложено на несоодветни содржини и забележувате некои од наведените последици, Ве замолувам не игнорирајте ги. Доколку сметате дека Ви е потребна помош, закажете онлајн консултација

До нови бесконечни победи ❤

Николина

Дозволете ми да Ви помогнам да ги пронајдете одговорите на сите прашања поврзани со децата и медиумите. Би сакала со вас да го споделам знаењето од десет годишното истражување од областа „Медиуми и деца“. Проф. Д- р Кирил Барбареев и Проф. д-р Ранко Рајовиќ беа само дел од луѓето од кои имав можност да учам.

Иако немам свои деца, досега довербата како дадилка ми ја дале многумина родители. Од досегашното истражување и искуство можам да Ви кажам дека не секоја 3Д анимацијата е подеднакво штетна за секое главче. Но, запомнете НЕ ПОСТОЈАТ АУДИО - ВИЗУЕЛНИ СОДРЖИНИ ЗА БЕБИЊА КОИ НЕ СЕ ШТЕТНИ ЗА РАЗВОЈОТ!