Која сум јас?
Здраво
Јас сум Николина.
Живеам и работам во Виница. Гратчето за кое сите мислеа дека е премногу мало за да ја ширам својaта мисија.
Приказната за Бесконечно царство започна во 2013 година. Со мојата емисија за деца „Бесконечно царство“ на една локална телевизија
.
Патот на пронаоѓање на професијата која ја сакам беше долг и комплициран процес. Не знаете како се вика, но точно знаете како изгледа.
Дипломирав Новинарство и односи со јавност, но при самиот чин не се чувствував дека мисијата е успешна
.
Иако шест месеци работев на пилот емисија за деца, истата не го доживеа успехот што го посакував.
Продолжив на магистерски студии по Предучилишна педагогија и околу четири години истражував на темата „Медиуми и деца“.

Во меѓувреме неуморно работев и сеуште работам како дадилка, маркетинг асисистент, тренер, едукатор, креатор на наставни програми, аниматор, новинар, радио – водител и што уште не.
По четири години истражување се случи одбраната на мојот мсгистерски труд. Повторно се појави истото чувство на некомплетност
.
Се запишав на додипломски студии по одделенска настава. Сакајќи да стекнам доволно компетентност за професијата на која не и го знаев името. По две години студирање сфатив дека тоа ме исцрпува и тоа не е правецот по кој сакам да одам. Кажав стоп и започнав со учење курсеви поврзани со темата која ме интересира.
Посетив повеќе од дваесет курсеви досега поврзани со темата медиуми и деца, а бројката постојано расте. Растат и знаењето и искуството.
Зошто сум овде?
Да им помогнам на бесконечно деца и родители во постигнувањето баланс помеѓу екранот
и секојдневното живеење. До нови бесконечни победи