Зошто не за екран пред втората година?

January 21, 2024

📌 Затоа што се поголем e бројот на дечиња со проблеми во говорот!

📌 Затоа што се поголем е број на дечиња кои не го зборуваат добро мајчиниот јазик!

📌 Затоа што се поголем е бројот на родители кои медиумите ги користат како дадилки

📌 Затоа што се поголем е бројот на деца со проблеми во концентрацијата, фокусот и вниманието.

📌 Затоа што не постојат квалитетни едукативни медиумски содржини за бебиња.

📌 Затоа што не постои содржина наменета за целата публика.

Детето се до осмата година нема целосна претстава што е фантазија, а што реалност. Затоа содржините со анимација и јаки бои „Наменети за бебиња“ го отежнуваат раниот развој и создаваат бунило во детското главче. Истите треба да бидат забранети за емитување на бебиња и деца до две години.

Вашето бебе е мирно во моментот, но тоа му создава немир во понатамошното живеење. Кај некои деца од прекумерена стимулирачка и неинтерактивна содржина се создаваат халуцинации, отежнато говорење, тешко одвикнување од пелени, незаинтересираност за реалниот свет, несамостојност и расеаност. (На пр. Не можат сами да ја облечат јакната и не ја закопчуваат иако им е студено, нервозни се и лесно се откажуваат додека родителот не го стори тоа за нив, поточно не им ја облече јакната) . ❌

Откако вашето дете ќе започне да гледа аудио – визуелни содржини. Тој процес треба да се одвива внимателно и постепено. Најпрвин да гледа видеа со реални ликови, потоа да гледа послабо анимирани содржини, а дури после петата година е препорачливо да гледа содржини со квалитетна 3Д анимација. Во тој процес родителот е тој што треба да ги одбира содржините, да ги гледа со детето и заедно да разговараат за нив.

Штетното влијание на високо квалитетната анимација, врз развојот на детето е научно докажано. Детето нема да знае за несоодветни медиумски содржини до втората година, доколку Вие не се одлучите да му покажете. Родителот е тој што нуди технологија при секоја некомфорна ситуација за него.

Хипер-стимулирачките медиумски содржини влијаат на детскиот мозок во развој на тој начин што го онеспособуваат детето да игра самостојно без стимулација. Тоа можете да го забележите кај голем број на деца денес. Родителите велат: „Не сака да си игра.“, „Ништо друго не го интересира, освен телефон“. Родителот е тој што одлучува што ќе прави неговото дете. Голем број на деца денес носат голема одговорност уште од мали нозе со самото тоа што им е доверена улогата да одлучуваат за прашања за кои не се доволно зрели и умешни да одберат рационално.

Знаците дека вашето дете е претерано стимулирано се:

⏰Вознемиреност;

⏰Плачење;

⏰Лутина;

⏰Нетрпеливост;

⏰Несоница;

⏰Умор или премореност;

Овие знаци се појавуваат и од несоодветна и недоволна исхрана или неквалитетно или недоволно спиење затоа бидете внимателни.

Преголемата изложеност на премногу стимулирачки аудио – визуелни содржини понекогаш доколку се игнорира може од дете со нормален развој, да создаде дете кое ќе порасне во незрела, неразвиена и несамостојна личност.

Содржините наменети за бебиња се толку хипер-стимулирачки што всушност делуваат како стимуланс. Истражувања покажале дека влијанието на ваквиот тип содржини е исто како земањето дрога, со што научници тврдат дека ваквите содржини создаваат зависност.

Запомни: Не постојат квалитетни едукативни медиумски содржини за бебиња и не постои содржина наменета за целата публика!

Доколку вашето дете е веќе изложено на несоодветни содржини и забележувате некои од наведените последици, Ве замолувам не игнорирајте ги. Доколку сметате дека Ви е потребна помош, закажете онлајн консултација.

До нови бесконечни победи ❤

Николина

Дозволете ми да Ви помогнам да ги пронајдете одговорите на сите прашања поврзани со децата и медиумите. Би сакала со вас да го споделам знаењето од десет годишното истражување од областа „Медиуми и деца“. Проф. Д- р Кирил Барбареев и Проф. д-р Ранко Рајовиќ беа само дел од луѓето од кои имав можност да учам.

Иако немам свои деца, досега довербата како дадилка ми ја дале многумина родители. Од досегашното истражување и искуство можам да Ви кажам дека не секоја 3Д анимацијата е подеднакво штетна за секое главче. Но, запомнете НЕ ПОСТОЈАТ АУДИО - ВИЗУЕЛНИ СОДРЖИНИ ЗА БЕБИЊА КОИ НЕ СЕ ШТЕТНИ ЗА РАЗВОЈОТ!